Во големото градско дерби, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид одиграа 1:1 на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ пред 76.732 гледачи.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Кралскиот клуб поведе со голот на Брахим Дијаз во 20. минута, а Атлетико успеа да израмни во третата минута од судиското надополнување.
Савиќ уфрли долга топка, Мемфис Депај му ја префрли топката на Маркос Љоренте, кој со глава покрај збунетата одбрана на Реал израмни 1:1.
Антоан Гризман веднаш по натпреварот го зеде мобилниот телефон и остави кратка и јасна порака со насмевка на Х мрежата. Секако, на овој начин ги „пецна“ навивачите на Реал, па доби многу гневни пораки од симпатизерите на кралскиот клуб.
😂🤣
— Antoine Griezmann (@AntoGriezmann) February 4, 2024