Дома Фудбал Атлетико го слави испаѓањето на Барса од ЛШ. Поразот на тимот на Чави му донесе 50 милиони евра

Атлетико го слави испаѓањето на Барса од ЛШ. Поразот на тимот на Чави му донесе 50 милиони евра

Атлетико Мадрид вчера се прости од Лигата на шампионите во четвртфиналната фаза.

Избраниците на Диего Симеоне во Дортмунд бранеа 2:1 oд првиот натпревар, но загубија со 2:4 и беа елиминирани од натпреварувањето. Добра вест за Атлетико беше испаѓањето на Барселона од Пари Сен Жермен бидејќи ја наполни касата на мадридскиот клуб.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Елиминацијата на Барселона од четвртфиналето значи дека Атлетико ќе игра на Светското клупско првенство следната година.

Ќе се одржи во САД во нов формат. Ќе учествуваат 32 екипи поделени во осум групи по четири екипи. Двете најдобри од секоја група ќе играат во нокаут фазата.

Барселона за да се пласираше на Светското клупско првенство мораше да обезбеди финале во Лигата на шампионите оваа сезона и да чека Атлетико да испадне од Борусија (Д). Нејзината елиминација од најсилното европско клупско натпреварување значеше и промоција на Атлетико на клупското СП следната година. А тоа на клубовите им носи 50 милиони евра.

Европските претставници на Светското клупско првенство ги пополнија сите места освен едно кое е наменето за победникот во овосезонската Лига на шампиони, односно за најдобриот тим според рангирањето на ФИФА во последните четири години кој се уште го нема обезбеденбо местото во натпреварувањето. Засега сигурни се Манчестер Сити, Реал Мадрид, Челзи, Баерн, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика, Борусија Дортмунд, Јувентус и Атлетико.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…