Дома Топ вести „АС“ со анализа на потенцијалниот трансфер на Погба во Реал – зошто да и зошто не?

„АС“ со анализа на потенцијалниот трансфер на Погба во Реал – зошто да и зошто не?

0

Откако се појавија гласините за можен трансфер на Пол Погба во редовите на Реал Мадрид шпанскиот весник „АС“ направи анализа на оваа ситуација.

Посебно гласините се зголемија откако во вчерашниот ден Погба даде изјава дека сон на секој фудбалер е да игра за Реал Мадрид (тука).

„АС“ пишува и дека Погба се наоѓа на листата на желби на Зинедин Зидан како и дека клубот ќе направи се што е во нивна моќ за да му ги исполни барањата. Весникот се наведува дека ваква зделка има свои предности но и мани.

Како главна причина поради која Погба може да заврши на „Сантијаго Бернабеу“ се наведува Зидан. Погба и Зидан имаат одличен однос и супер соработка во таборот на Франција. Францускиот стратег неколку пати јавно го фалеше Погба и го опишуваше како фудбалер кој има се што е потребно.


Следете го Sportski.mk и на


Светски познатиот бренд „Адидас“ е спонзор на Реал Мадрид и тие сигурно би сакале да видат ваков трансфер и дефинитивно ако е потребно можат и финансиски да помогнат.

Договорот на Погба со Манчестер Јунајтед има важност до 2021 година што и не е така далеку. Поради ваквата ситуација ако двете страни не се договорат наскоро за продолжување на соработката неговата цена би можела да започне да паѓа.

Како потенцијален проблем во реализирањето на оваа зделка се наведува менаџерот Мино Раиола. Во 2016 година Перез се откажа од Погба токму поради Раиола и големата провизија која ја бараше. Подоцна тој оствари огромна заработка кога го продаде Погба во Јунајтед.

Повикувајќи се на извори од Островот, „АС“ пишува дека платата на Погба во Манчестер Јунајтед е помеѓу 10 и 12 милиони евра, со ваква плата тој би требало да биде помеѓу најплатените во Мадрид.

За крај се додава дека Реал веќе има премногу фудбалери во средниот ред како Касемиро, Маркос Љоренте, Крос, Модриќ, Себаљос, Иско и Валверде. Меѓутоа ова лето се очекува реконструкција, па останува да се види како работите ќе се одвиваат.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Oдредени точните датуми за полуфиналните натпревари во Лигата на шампионите

Вчера се доби разврската од четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите. Ајакс прир…