Дома Фудбал Останато Изјавата на Погба за Реал Мадрид предизвика „бура“ од реакции во јавноста

Изјавата на Погба за Реал Мадрид предизвика „бура“ од реакции во јавноста

pogba

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Пол Погба денес даде интересна изјава поврзана со неговиот потенцијален трансфер во Реал Мадрид.

Во пресрет на репрезентативните натпревари против Молдавија и Исланд за светскиот шампион Франција, Погба во еден дел од конференцијата зборуваше и за Реал Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оваа изјава на Погба брзо се рашири низ спортските медиуми, а голем дел од нив ја протолкуваа и како повик до Реал Мадрид да тргне во „акција“.

„Реал Мадрид е сон за секој фудбалер. Зборуваме за еден од најголемите клубови во светот. Исто така таму е и Зидан. Засега можам да кажам дека сум фудбалер на Манчестер Јунајтед, меѓутоа во фудбалот работите се менуваат и не знаете што ќе се случи во иднина“, изјави Погба.

Пол Погба многу поблиску до заминување од Јунајтед беше додека на клупата на Реал Мадрид седеше Жозе Мурињо со кого не беше во добри односи. Од заминувањето на Мурињо и од моментот кога Оле Гунар Солскјер пристигна во клубот Пол Погба игра како препороден и е вистински лидер на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Миовски избран за најдобар фудбалер на сезоната во Абердин

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски ја доби наградата за најдобар фудбале…