Дома Фудбал Англија АС: Лапорта има договор со Агуеро, од Сити на Камп Ноу пристигнуваат две засилувања

АС: Лапорта има договор со Агуеро, од Сити на Камп Ноу пристигнуваат две засилувања

Како што објави шпански АС, Хуан Лапорта има договор со напаѓачот на Манчестер Сити, Кун Агуеро.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Агуеро на излезните врати на Етихад, бидејќи на лето му истекува договорот, а до сега нема разговори за продолжување на соработката. Сити одлучи да му се заблагодари на Агуеро и да гради иднина со некои млади играчи.

Па така, Агуеро како слободен играч ќе пристигне на Камп Ноу. АС пишува дека Агуеро ќе потпише договор до летото 2023. година.

Освен него, од Сити во Барселона ќе дојде и Ерик Гарсија, кој не е во плановите на Пеп Гвардиола.

Агуеро и претходно се поврзуваше со Барселона, а една од главните причини за трансферот во Каталонија е неговиот голем пријател и сонародник Лео Меси.

Што се однесува до Агуеро, тој се уште е играч на Сити.

„Сите пишуваат Барса, Барса, Барса. Почекајте малку и размислете. Застанете. Се уште сум играч на Манчестер Сити.“ – порача искусниот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Иран херојски ја запре Белгија

Националните тимови на Белгија и Иран одиграа реми 0:0 во Инглвуд, Калифорнија, во вториот…