Роберто ди Матео по само 124 дена доби отказ на менаџерската функција во Астон Вила, откако забележа само една победа на 12 натпревари.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Астон Вила, минатата сезона испадна од Премеирлигата, новите сопственици вложија 50 милиони фунти во тимот и го назначија Ди Матео за менаџер, со јасна цел екипата експресно да се врати во елитата.
Но по 12 натпревари во Чемпионшип дивизијата, Астон Вила се наоѓа блиску до дното, откако тимот забележа само една победа.
Астон Вила во саботата загуби од Престон 0-2, а тоа значеше и отказ за Ди Матео. Англиските медиуми шпекулираат дека најголеми фаворити за негов наследник се Стив Брус и Мик Мекарти.