Марко Асенсио најверојатно ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, по шест сезони поминати во „кралскиот“ клуб, пренесува „Марка“.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Напаѓачот влезе во последната година од договорот и беше подготвен повторно да потпише, но не е задоволен од понудата што му ја упати раководството.




Според „Марка“, Реал му понудил иста плата колку што заработува во моментов, а тоа не му се допаѓа на Шпанецот.




Асенсио верува дека заслужува поголема плата и поради оваа причина е можно да ја промени средината. Според информациите за него се заинтересирани Арсенал, Милан, Јувентус и Њукасл.




Реал нема намера да ја подобри понудата и е спремен да го продаде ова лето, а неговиот агент Жорге Мендеш веќе почнал преговори со заинтересираните клубови.




Најсилен интерес за него покажува Милан, а и Асенсио е отворен за преселба во редовите на италијанскиот шампион.
🚨🇪🇸 Real Madrid want €40m for Asensio this summer if he does not renew. @marca
— Madrid Xtra (@MadridXtra) June 15, 2022