Дома Трансфер зона Асенсио заминува и станува втор најскап играч на сите времиња

Асенсио заминува и станува втор најскап играч на сите времиња

0

Младата ѕвезда на Реал Мадрид, Марко Асенсио би можел наскоро да стане втор насјап фудбалер на сите времиња.

21-годишниот Асенсио многумина го сметаат за најголем талент на денешницата, а шпанските медиуми пренесуваат дека во Мадрид пристигнала понуда од Манчестер Јунајтед „тешка“ 200 милиони евра.

„Дон Балон“ наведува дека менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо веќе имал разговор со Асенсио и клубот од „Олд Трафорд“ нема да жали пари да го донесе во своите редови.

Наводно челниците на Реал Мадрид сериозно размислуваат да ја прифатат понудата, па Асенсио лесно би можел да стане вториот најплатен фудбалер на сите времиња.

Асенсио оваа сезона настапи на 17 натпревари во сите натпреварувања и постигна 6 гола, но е задоволен од статусот кој го има и очекува поголема минутажа.

Покрај Јунајтед за него силен интерес покажуваат уште и Манчестер Сити и ПСЖ, па сега се е во рацете на Реал, кој нема лесно да се откаже од својот најголем талент.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Распродажба во Барса, овие петмина мораат да заминат – Погледнете ги бројките и СЕ ќе ви стане јасно!

Проценките се јасно изнесени, клубот вака едноставно не може да функционира… Барсело…