Дома Трансфер зона Артур кажа НЕ, Јувентус се насочува кон Жоржињо

Артур кажа НЕ, Јувентус се насочува кон Жоржињо

Јувентус е во потрага по квалитетен плејмејкер за следната сезона, а откако пропадна можноста за ангажман на Артур од Барселона, „бјанконерите“ се свртеа кон други мети.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус ова лето готово сигурно ќе се ослобиди од Миралем Пјаниќ, а најголема желна на тренерот Сари е италијанскиот репрезентативец Жоржињо.

Поранешниот играч на Наполи по заминувањето на Сари од Челзи продолжи да игра во добра форма, оваа сезона запиша 7 гола и две асистенции на 37 натпревари во сите конкуренции.

Јувентус сака да му ја исполни желбата и веќе започнал преговори со Челзи, кој сигурно нема лесно да се ослободи од плејмејкерот.

Сепак, пресудна може да биде желбата на самиот играч да се врати во Италија, а цената на трансферот би требало да изнесува 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…