Дома Фудбал Англија Артета се огласи после критиките од Анри

Артета се огласи после критиките од Анри

Легендарниот напаѓач на Арсенал, Тиери Анри испрати критики кон Микел Артета, Анри изјави дека не е сигурен дали тимот под водство на Артета оди во вистинска насока.

„Не знам дали вака работите одат во добра насока за клубот. Против Брајтон го гледав натпреварот и сакав да видам дали можеме да ја зачуваме топката, да го задржиме поседот. Мислам дека имавме проблем“, гласеше изјавата на Французинот кој во дресот на Арсенал постигна 228 голови.

Новинарите го запрашаа Артета да даде коментар на изјавата на Анри.

„Тоа е само уште едно мислење кое јас го почитувам како и секое друго“, изјави Артета.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Само Перишиќ во Серија А постигнал гол од пенал со двете нозе

Интер вчера го доживеа првиот пораз сезонава во Серија А, Лацио бешѓе подобар од „нероаѕур…