Дома Фудбал Англија Артета за Обамејанг: Јас не сум диктатор!

Артета за Обамејанг: Јас не сум диктатор!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, изјави дека не сака односот со играчите да го гради со диктаторски пристап.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Артета го исфрли Обамејнаг од тимот и му ја зеде капитенската лента откако напаѓачот ги прекрши дисциплинските мерки, но вели дека од играчите бара само една работа.

„Не градам авторитет со диктаторско однесување. Барам од нив почит и посветеност. Тоа е минимумот. Доколку не го добијам тоа, тогаш сум подготвен да си ги спакувам куферите и да си заминам“, изјави Артета.

Шпанецот бара професионален однос од своите фудбалери, а Обамејанг без дозвола заминал во Барселона за да се тетовира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најголеми аплаузи за Нејмар. Плачеше по натпреварот

Настапот на бразилската “десетка” во второто полувреме од мечот против Шкотска…