Дома Фудбал Англија Артета: Во првите 10 секунди знаев дека треба да го доведеме Стерлинг

Артета: Во првите 10 секунди знаев дека треба да го доведеме Стерлинг

Рахим Стерлинг изгледа мотивирано да се докаже во редовите на Арселона, а воодушевен од неговата желба е и тренерот Микел Артета.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Очекувањата се Стерлинг да ги одигра првите минути за „топџиите“ во дербито против Тотенхем.

Артета за медиумите раскажа и дека брзо се одлучиле да го доведат.

„Веднаш можев да видам дека е гладен за успех. Во само десет секунди ни беше јасно дека треба да го доведеме. Изгледа одлично, прво поради големата насмевка, а има и многу енергија. Првите зборови кои ми ги кажа беа: Сонував за ваква понуда! Знаев дека тоа е тоа“, изјави Артета.

Стерлинг во кариерата претходно настапуваше за Ливерпул, Челзи и Манчестер Сити, па така Арсенал е негов четврти голем клуб на Островот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Швеѓанецот го постигна еден од најубавите голови на СП, но не славеше. Еве зошто

Шведска започна силно на Светското првенство и на натпреварот од првото коло во групата Ф,…