Дома Трансфер зона Арсенал се засилува со Бразилец од Сао Паоло

Арсенал се засилува со Бразилец од Сао Паоло

Тимот на Арсенал е многу блиску до доведување на талентиран бразилски фудбалер кој го носи дресот на Сао Паоло.

Во прашање е 19-годишниот офанзивец Маркињос кој во овој момент важи за еден од најголемите потенцијали во Бразил. Арсенал и во последните има добро искуство со доведување на фудбалери од Бразил, Габриел Мартинели полека станува неизоставен дел од составот на Артета.

Маркињос како и Мартинели на „Емирати“ би требало да пристигне за сума од три милиони евра. Сао Паоло не е ниту во можност да бара повеќе затоа што договорот на Бразилецот има важност само уште една година.

Интерес за крилниот фудбалер има и од Реал Мадрид, меѓутоа според последните најави тој ќе продолжи во Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Астон Вила доведе големо засилување од 45 милиони евра

Завршен е првиот трансфер на звучно име во англиската Премиер лига за следната сезона. Бра…