Дома Фудбал Англија Арсенал потврди: Познато колку ќе паузира Лаказет

Арсенал потврди: Познато колку ќе паузира Лаказет

0

Францускиот напаѓач на Арсенал, Александре Лаказет ќе мора да паузира во наредните шест недели поради повреда на коленото.

Лаказет полека го губи местото во стартниот тим со доаѓањето на Обамејанг, а на дербито со Тотенхем минатиот викенд пропушти голема шанса.

Токму на тој натпревар настрада и коленото на Французинот, а клубот денес потврди дека ќе мора да биде опериран.

Лаказет ќе ги пропушти двата дуела во Лига Европа, а сигурно нема да игра и во финалето од Лига купот против Манчестер Сити кое се игра на 25-ти февруари.


Следете го Sportski.mk и на


Арсенал операцијата на коленото ја дефинираа како „мала процедура“, но Лаказет сигурно ќе отсуствува од терените во наредните шест недели.

Французинот одлично ја започна сезоната со 4 гола во првите 6 меча, но во последните 13 има постигнато само еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Атлетико вчера на Реал му прекина низа долга 18 години!

Aктуелниот шампион на Европа не го изгуби само трофејот… И такво нешто мораше да се …