Дома Фудбал Англија Арсенал од два шута постигна два гола и ремизираше со Челзи (ВИДЕО)

Арсенал од два шута постигна два гола и ремизираше со Челзи (ВИДЕО)

Вечерва во рамките од 20. коло во Премиер Лигата се одигра дербито помеѓу Челзи и Арсенал.

Челзи и Арсенал одиграа одличен натпревар во кој видовме четири гола (2:2).


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Натпреварот започна лошо за Арсенал, после една лоша реакција во одбраната Давид Луиз го собори Абрахам во шеснаесетникот и заработи директен црвен картон. Пеналот во гол го претвори Жоргињо.

Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме.

Младиот Мартинели после нешто повеќе од еден час игра успева да изедначи. Арсенал преку Лаказет постигна гол и за целосен пресврт, меѓутоа тој гол на Французинот беше поништен поради офсајд.

Челзи повторно до водство стигна преку Аспиликуета во 84. минута. Само три минути подоцна и бекот на Арсенал се запиша во листата стрелци за конечни 2:2.

Треба да се истакне дека двата гола на Арсенал, беа воедно и единствените два шута кон голот на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Секс скандал со фудбалерка – тренерот на Лестер доби отказ

Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внат…