Како што стојат работите Арсенал и оваа сезона ќе се бори за титулата во Премиер лигата со Манчестер Сити и Арсенал.
Во последните три години тимот на Арсенал со Артета забележа голем напредок во играта, но навивачите се уште го чекаат тој последен чекор – освојувањето на Премиер лигата. Сите веруваат дека токму во оваа сезона се поблиску од било кога.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Но, покрај оптимизмот кој владее се шпекулира и за потенцијалните засилувања. Арсенал сака засилување на крилната позиција и тука изборот наводно паднал на Нико Вилијамс. Имаше за Вилијамс ова лето интерес од многу клубови, меѓутоа на крајот остана во Атлетико Билбао.
Покрај него се споменува и името на Бенџамин Шешко кој би бил големо засилување во нападот на „топџиите“. Артета наводно сака да го види Шешко во својот тим уште во јануари, но тие не се единствени заинтересирани и сигурно нема да им биде лесно.
Како негова алтернатива се споменува Џонатан Дејвид од Лил, меѓутоа и со него се поврзуваа екипи како Барселона, Јувентус и Ливерпул.
Ако судиме според најавите почетокот на 2025 година може да донесе убави вести за навивачите на Арсенал.