Арсенал покажува сериозен интерес за играчот на Барселона, Андре Гомеш, кој оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Евертон.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Португалецот минатото лето пристигна на „Гудисон Парк“ и остави одличен впечаток со своите настапи, па го привлече интересот уште на Тотенхем, Интер и Рома.
Евертон сака да го задржи Андре Гомеш, но „карамелите“ тешко дека ќе се изборат со конкуренцијата.
Барселона сака да го продаде играчот и за неговата слобода бара 30 милиони евра, со цел да ја врати инвестицијата.
Арсенал е спремен да ја победи конкуренцијата и официјално започнал преговори со Барселона. „Топџиите“ во Гомеш гледаат идеален наследник на Арон Рамзи, кој се сели во Јувентус.