Дома Македонски спорт Аријан Адеми се отвори и проговори за враќањето и погодокот

Аријан Адеми се отвори и проговори за враќањето и погодокот

0

Фудбалерот кој се врати после две годишната суспензија, Аријан Адеми“ за хрватските медиуми откри како се чуствувал во моментот кога за прв пат после долго време повторно истрчал на зелениот терен.

Адеми „дебито“ по истекот на сусепзијата го имаше токму за репрезентацијата Македонија и не разочара, постигна навистина фантастичен погодок.

„Бев пречекан одлично, сите луѓе во ФФМ беа со мене, секако тука беа и моите репрезентативни колеги, како и навивачите. Да бидам искрен, не очекував погодок после само пет минути бидејќи јас не сум фудбалер кој постигнува многу погодоци, ова е навистина чудо“, зборуваше Адеми.

„Во моментот кога влегов на теренот се почуствувам како од мене да беа извадени лаци. Одиграв половина час и сметам дека оставив одличен впечаток Останува да видиме како ќе се одвиваат работите во иднина“, изјави македонскиот репрезентативец и член на Динамо Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Македонски спорт

Проверете

ПОТВРДЕНО: ВАР од наредната сезона и во Франција!

Француската фудбалска лига од следната сезона ќе воведе ВАР технолигија потврдено беше на …