Дома Останати Аргентина го освои Дејвис купот

Аргентина го освои Дејвис купот


Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓



Тениската репрезентација на Аргентина го освои Девис купот прв пат во својата историја, откако во Загреб со пресврт ја совлада Хрватска со 3:2.

Решавачкиот поен за Аргентина го освои Федерико Делбонис кој во три сета го победи Иво Карловиќ.

Хуан Мартин дел Порто и Федерико Делбонис се заслужи за неверојатниот пресврт во Загреб, по кој Аргентина ја освои првата титула во Девис купот во својата историја.

Хрватите беа на една победа од освојувањето на титутла, но најпрвин Делпо, а потоа и Делбонис го шокираа Загреб.

Делпо против Чилиќ губеше 2:0, но успеа да победи 6:7, 2:6, 7:5, 6:4, 6:3. Охрабрен од големата победа на Делпо, Делбонис во последниот меч одигра совршено и во три сета го совлада Иво Карловиќ 6:3, 6:4, 6:2.

Инаку аргентинските тенисери имаа поддршка од легендарниот Диего Марадона, кој на крајот од финалето го доби рекетот на Дел Потро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

MOZZART со поддршка на екипата на ПИОМ на Синдикалните спортски игри

Финале Лига на шампиони: Манчестер Сити го „брка“ Пандев, Интер нема да се предаде! ↓↓↓ Ре…