Дома Фудбал Останато Аргентина без Меси на пријателските натпревари

Аргентина без Меси на пријателските натпревари

Капитенот на Аргентина, Лео Меси ќе ги пропушти двата пријателски натпревари што ќе ги одигра светскиот шампион против Ел Салвадор и Костарика.

Меси го повреди мускулот на ногата на осминафиналниот дуел во Конкакаф купот против Нешвил на кој постигна гол за Интер Мајами, а запиша и асистенција, пред да биде повлечен од теренот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартино, рече дека целта на Меси и на клубот е аргентинскиот фудбалер да биде подготвен за првиот натпревар од четвртфиналето во Купот Конкакаф во кој американскиот клуб на домашен терен ќе игра против мексикански Монтереј на 4 април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ПСЖ и Дортмунд се први полуфиналисти во ЛШ

Пари Сент Жермен и Борусија Дортмунд обезбедија полуфинале откако вечерва беа подобри од Б…