Дома Топ вести Апсолутен лидер: Рамос ги „построил“ двете ѕвзди во соблекувалната

Апсолутен лидер: Рамос ги „построил“ двете ѕвзди во соблекувалната

Серхио Рамос е апсолутен лидер и жива легенда на Реал Мадрид, фудбалер од клучно значење за „кралевите“ на теренот и надвор од него.

„Дејли Мејл“ пишува дека Рамос во соблекувалната се конфронтирал со две големи ѕвезди поради нивниот лош настап. Капитенот на Реал „удрил“ по Иско и Марсело, кои според него не се трудат доволно кога ќе добијат шанса на теренот.

Вербалната пресметка се случила по „Ел Класико“, но шпанските медиуми оваа приказна ја објавија по мечот против Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампиони

Дека нешто не е во ред во соблекувалната на „кралевите“ потврди и фактот дека тренерот Зинедин Зидан во Германија не им даде шанса на двајцата фудбалери, а Реал едвај се спаси од пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Зидан: Мбапе ќе биде мојот капитен, во тимот нема да има дискусии за „Златната топка“

По објавата на првиот список како нов селектор на „петлите“, Зинедин Зидан потврди дека ка…