Дома Топ вести Анчелоти ја потврди желбата на Касемиро: Сака нов предизвик, не го убедував да остане

Анчелоти ја потврди желбата на Касемиро: Сака нов предизвик, не го убедував да остане

Реал Мадрид во сабота од 22 часот игра против Селта Виго во вториот натпревар од Ла Лига, меѓутоа во овој момент во центарот на вниманието е Касемиро.

Карло Анчелоти се појави пред новинарите да го најави дуелот со Селта, но натпреварот падна во втор план затоа што сите присутни ги интересираше дали Касемиро ќе се пресели во Манчестер Јунајтед.

Италијанецот не криеше и потврди дека Касемиро сака нов предизвик.

„Разговарав утрово со него, сака нов предизвик. Клубот ја разбира неговата желба поради се што направи тука. Се преговара, не е ништо официјално, но јасно е дека сака да замине. Ако постои договор, имаме ресурси да го замениме“.

„Не го убедував да остане. Само разговаравме. Не знам што ќе се случи во наредните часови. Ако замине, му благодарам за се што направи, беше одличен“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Халанд блескаше, Сити го прегази Јунајтед🎥

Манчестер Сити го прегази и посрамоти градскиот ривал Манчестер Јунајтед во дербито на кол…