Дома Фудбал Анчелоти: Цел свет мисли дека Реал е мртов, но…

Анчелоти: Цел свет мисли дека Реал е мртов, но…


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Реал Мадрид после муднијалската пауза бележи слаби резултати, а доживеа и голем пораз во Суперкупот од Барселона.

Медиумите веднаш почнаа со критики и совети дека тимот е стар и истрошен, но тренерот Анчелоти не се согласува со тоа.

„Сега цел свет мисли дека Реал Мадрид е мртов, но ние никогаш не се предаваме, сме го покажале тоа во безброј наврати. И минатата година имавме проблеми во месец јануари, а потоа се заврши добро. Треба да го издржиме овој месец и сигурен сум дека ќе биде подобро. Се надевам дека ќе бидеме подобри уште на утрешниот меч“, изјави Анчелоти.

„Крај на една ера? Реал Мадрид има прилично млад тим. Камавинга, Винисиус, Родриго, Валверде, Милитао, Чуамени, тоа се играчи за иднината на Реал. Ова е почеток на еден циклус. Точно е дека некои играчи доаѓаат до залезот на кариерата, но ова не е крај, ова е почетокот“, додаде италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Монца во следните сезони ќе се бори за Скудето“

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Eкипата на Монца мин…