Реал Мадрид вечерва од 21 часот го игра натпреварот од првото коло во Лигата на шампионите против Штутгарт. Тренерот на мадридскиот тим Карло Анчелоти одржа прес-конференција пред натпреварот. На неа, меѓу другото, зборуваше и за својот играч Винисиус Жуниор (24).
Бразилскиот крилен напаѓач често се жали на однесувањето на шпанските навивачи кои го исвиркуваат и предупредува на расизам во таа земја. Минатиот викенд беше стрелец во победата на Реал на гости кај Реал Сосиедад (0:2). Тој постигна гол од слободен удар, а потоа го прослави голот ставајќи го прстот на устата, покажувајќи дека сака да замолчи некого.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Анчелоти го коментираше потегот на Винисиус: “Тоа е реакција на грдите ситуации кои му се случиле многу пати. Постојано е навредуван, никој не може да издржи, па ни јас. Нормално е што го става прстот на устата со оглед на се што се случува. Она што му се случува на Винисиус со години е неиздржливо.
Треба помалку да се фокусираме на овој млад човек, а повеќе на она што се случува на стадионите. Мислам дека навивачите го прават тоа затоа што Винисиус може да им се заканува во спортска смисла, па сакаат да го исфрлат од рамнотежа во текот на натпреварот“.