Дома Фудбал Анчелоти пред „Ел Класико“: Тортата е готова, останува само да ја додадеме црешата

Анчелоти пред „Ел Класико“: Тортата е готова, останува само да ја додадеме црешата

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше за очекувањата од натпреварот против Барселона во 32. коло од шпанската Ла Лига.

– Барселона е многу конкурентен противник. Класико е секогаш Класико. Тие се многу добри, но за нас ова е шанса да се доближиме до освојување на Ла Лига. Сфаќаме дека ќе биде тешко бидејќи Барселона е многу, многу добра. Во моментов ни оди добро.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тортата е готова, останува само да ја додадеме црешата во овој клучен месец, изјави Анчелоти, пренесува „Sport.es“.

Реал Мадрид утре ќе и гостува на Барселона. Почеток на „Ел класико“ е во 21 часот.

Пред директната средба, Реал води во Ла Лига со 78 бодови, осум бода повеќе од второпласираната Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…