Дома Фудбал Анчелоти: Понижување? Па изгубивме од Барселона!

Анчелоти: Понижување? Па изгубивме од Барселона!


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Фудбалерите на Барселона по рекорден 14-ти пат станаа шампиони во шпанскиот Суперкуп откако во финалето во Ријад го победија Реал Мадрид со 3:1.

Барселона заслужено славеше, а тренерот Карло Анчелоти после натпреварот го призна поразот.

„Мораме да извлече поука и пред натпреварот знаевме дека екипата не е во најдобра ситуација. Имаме некои недостатоци и ќе мораме да ги поправиме. Мораме да се вратиме подобри веќе во натпреварот против Виљареал“, изјави Италијанецот па продолжи:

„Им ги подаривме првите два гола. Натпреварот на почетокот беше без вистински ритам. Кога поведоа, добија самодоверба. Она на што мораме да работиме е да не поклонуваме голови на ривалите со наши грешки“.

Исто така беше запрашан дали овој резултат е понижување за Реал.

„Би било непочитување да се каже такво нешто. Изгубивме од Барселона. Ги победивме во првенството, а вечерва тие беа подобри. Не ми паѓа на памет да зборувам за понижување. Во спортот некогаш победуваш, некогаш те победуваат. Сигурно дека сите не боли во овој пораз, но ќе се вратиме не се сомневам во тоа“, заклучи Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн го предупреди Ноер: Тоа што го направи не му доликува!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Мануел Ноер си напра…