Италијанскиот тренер Карло Анчелоти не криеше дека сака Тони Крос да ја добие „Златната топка“, но исто така е свесен дека тоа тешко може да се случи.
Анчелоти сепак верува дека Крос би можел да го освои престижното признание ако Германија го освои Европското првенство кое се игра ова лето, а Реал Мадрид слави против Борусија Дортмунд во финалето од Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакам Крос да ја освои Златната топка, но реално не мислам дека ќе ја добие. Сепак, се може да се случи, ќе видиме. Ова лето има Европско првенство, ако ја освиме Лигата на шампионите и триумфира со Германија на ЕП, тогаш може да биде во игра да ја добие“, изјави Анчелоти.
Реал Мадрид финалето во Лигата на шампионите ќе го игра против Борусија Дортмунд на 1. јуни на „Вембли“.