Дома Фудбал Анчелоти им дава шанса на Бејл, Иско и Марсело

Анчелоти им дава шанса на Бејл, Иско и Марсело

Новиот тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за иднината на Герет Бејл.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Велшанецот помина една година на позајмица во Тотенхем и ова лето ќе се врати во Мадрид, каде има договор на уште една година.

Иако се чинеше дека Бејл нема иднина на „Сантиаго Бернабеу“, сепак Анчелоти ги цени неговите квалитети и е спремен да го задржи во тимот.

Слична е ситуацијата со Иско и Марсело, кои беа на излезна врата, но со Анчелоти ќе останат во тимот и следната сезона.

„Герет не играше многу во Тотенхем минатата сезона, но постигна важни голови. Тој ќе се врати во Мадрид. Одлично го познавам, ако е мотивиран тој ќе одигра силна сезона. Навистина го сакам Герет, како Иско и Марсело. Тие ќе бидат митивирани да докажат дека се способни се уште да играат за Реал Мадрид“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вреќата со пари е подготвена: Тргнаа по Хари Кејн, во Баерн се создаде паника

Баерн и Хари Кејн планираат да ја продолжат соработката, но плановите би можела да ги поре…