Фудбалерот на Реал Мадрид, Марко Асенсио е пред заминување од Реал Мадрид.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шпанскиот фудбалер е во потрага по клуб каде што ќе ја ја продолжи кариерата, засега се уште е дел од таборот на „кралевите“.




Асенсио некогаш беше важен играч и важеше за голема надеж на Реал Мадрид. Сепак под водство на Карло Анчелоти после враќањето од тешката повреда не добива многу прилика за игра.




Италијанецот и покрај тоа сака тој да остане во Мадрид.




„Немам вести, не знам што се случува со Асенсио. Се ќе се знае на 2. септември. Ако остане ќе бидам воодушевен затоа што тој е важен играч и даде свој придонес во нашите натпревари. Но, иако замине нема да бараме замена, имаме квалитет во тимот“, изјави Асенсио.




Во актуелната сезона Асенсио настапи само на еден натпревар за Реал.