Дома Топ вести Анчелоти го најде наследникот на Бензема

Анчелоти го најде наследникот на Бензема


Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓



Приоритет на Реал Мадрид на лето ќе биде доведување на напаѓач, кој ќе може да биде долгорочен наследник на Карим Бензема.

Шпанските медиуми пренесуваат дека нова мета на „кралевите“ е бразилскиот напаѓач Ричарлисон, кого Анчелоти одлично го познава од времето кога соработуваа во Евертон.

Бразилецот ова лето се пресели во Тотенхем, но не е задоволен од својот статус и во последно време често ја грее клупата.

Поради тоа е спремен да ја промени средината, а Спарси за неговата слобода бараат 70 милиони евра.

Во Реал веруваат дека Ричарлисон може да биде наследник на Бензема и да формира одлично бразилско трио со Винисиус и Родриго.

Бензема оваа сезона пропушти многу натпревари поради повреда и е во зрели фудбалски години, па Реал сака да доведе нов напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Интер се надева на „аргентинската врска“ и го сонува Меси!

Македонија - Малта: Ни треба победа и тоа не каква било, туку газење треба!↓↓↓ Како што се…