Дома Топ вести Анчелоти ги сака Хакими и Лаутаро Мартинез

Анчелоти ги сака Хакими и Лаутаро Мартинез

Шпанските медиуми пренесуваат дека Карло Анчелоти посочил две идеални засилувања за Реал Мадрид.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Кралевите“ после доаѓањето на Белингам и Брахим Дијаз ова лето сакаат да донесат напаѓач и десен бек.

Прв избор за Анчелоти е ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез, во кого гледа одлична замена за Бензема.

Аргентинецот имаше уште една одлична сезона и Интер не сака да го пушти, но Реал е спремен да понуди 100 милиони евра.

Аштраф Хакими не е среќен во ПСЖ и сака да го напушти клубот ова лето.

Негов сон е да се врати во Реал Мадрид, каде ја започна кариерата, но никогаш не доби вистинска шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…