Дома Топ вести Анчелоти во големи проблеми: Тешка повреда и на Милитао!

Анчелоти во големи проблеми: Тешка повреда и на Милитао!

Пред само неколку дена, Реал Мадрид остана без Тибо Куртоа, а како што стојат работите сега Анчелоти се соочува со нови проблеми.

Во вчерашниот прв натпревар во сезоната се повреди дефанзивецот Едер Милитао. Според привичните информации не станува збор за наивна повреда и Бразилецот можеби го чека слична пауза како и Куртоа.

Загиженост за повредата на Милитао истакна и Анчелоти по натпреварот.

„Не можам да потврдам дека станува збор за лигаментите на коленото, но докторите кажаа дека е сериозно и дека треба да се направат дополнителни тестови“, изјави италијанскиот стратег.

Ако се потврдат лошите најави, многу веројатно е дека Реал ќе реагира и ќе донесе замена за Бразилецот. Освен Милитао во последната линија, Реал ги има Рудигер, Алаба и Начо и тоа не е доволно за борба на сите фронтови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…