Дома Фудбал Останато Анри го напушти кормилото на младата француска репрезентација

Анри го напушти кормилото на младата француска репрезентација

Легендата на францускиот фудбал, Тиери Анри повеќе не е селектор на младата репрезентација на Франција.

Анри во август 2023 година го презема кормилото на младата селекција, но реши предвреме да ја заврши соработката.

По настапот на Олимписките игри со тимот до 23 години и освоениот сребрен медал со пораз во финалето од Шпанија, Анри реши да замине иако имаше договор до 2025 година.

„Овој медал засекогаш ќе биде едно од главните достигнувања во мојот живот. Тоа ми донесе огромна радост. Среќен сум и благодарен на федерацијата, играчите и навивачите за ова магично искуство“, изјави Анри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милан ќе доведе уште еден фудбалер, Аморим гледа кон „Енфилд“

Милан сака дополнително да се засили на крајот од трансферниот период и на тренерот Рубен …