Дома Фудбал Останато Анелка: Времето во Реал беше како кошмар

Анелка: Времето во Реал беше како кошмар

Францускиот напаѓач Николас Анелка се потсети на неговото искуство Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Анелка во 1999 година како 20 годишник пристигна во редовите на „кралевите“ после одличниот период во Арсенал. Во документарецот за „Нетфликс“ Анелка раскажа дека од самиот почеток се постапувало лошо кон него.

„После промоцијата и прес-конференцијата за медиумите отидов во соблекувалната. Стигнав прв и си избрав место, но играчите еден по еден зборуваа: Ова е мое место. Тоа се повтори барем 20 пати. Си помислив: Што правам јас тука? Ова ќе биде лошо. Тоа што се случи тој ден беше почеток на кошмарот. Имаше толку многу притисок. Бев во медиумите секој ден и не можев да водам приватен живот. Имаш 20 години, но не можеш слободно да одиш по улица. Знаев дека се што правам ќе биде напишано веќе следниот ден. Не можев ништо“, објасни Анелка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трансферот во Шпанија му пропадна, а сега е на чекор до Манчестер Јунајтед

Англиските медиуми објавија дека Јунајтед повторно влегува во преговори со Аталанта околу …