Дома Фудбал Италија Андреа Пирло со свој коментар на тема – „кој треба да изведува слободни удари во Јувентус“

Андреа Пирло со свој коментар на тема – „кој треба да изведува слободни удари во Јувентус“

Поранешниот играч за врска на Јувентус, Андреа Пирло во интервју за „Скај Спорт“ помеѓу другото ги прокоментира и шансите на „старата дама“ во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пирло смета дека постојат пет тимови кои ќе се борат за титулата шампион на Европа и помеѓу нив не го смести Реал Мадрид.

„Постојат четири или пет тимови кои ќе се борат за титулата во Лигата на шампионите, а тука спаѓа и Јувентус. Освен нив тука се Барселона, Манчестер Сити и Баерн Минхен. Горе-долу тоа се главните фаворити оваа сезона“, изјави Пирло кого новинарите го запрашаа и за исведувањето на слободни удари во Јувентус.

Во конкуренција секако се Паоло Дибала, Миралем Пјаниќ и Кристиано Роналдо.

„Роналдо, Пјаниќ или Дибала? Јуве сега има одличен избор, сите тројца се добри изведувачи, но мислам дека приоритет ќе биде Роналдо“, порача популарниот „Моцарт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…