Дома Фудбал Андонова го постигна својот деби погодок во ЛШ за Барселона (Видео)

Андонова го постигна својот деби погодок во ЛШ за Барселона (Видео)

Нашата интернационална, Наташа Андонова го постигна вечерва својот деби погодок во рамки на Лигата на шампионите.

Женската фудбалска екипа на Барселона славеше со 6:0 на гостувањето кај литванска Гинтра.

Андонова го запиша својот деби погодок во 89. минута од мечот, откако во игра влезе од клупата за резерви во 65. минута.

Реваншот против овие две екипи ќе се одигра на 15. ноември, но се чини дилеми за екипата која ќе мине во следната фаза нема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола на клупата на САД? Планот зависи и од Манчестер јунајтед

Американската федерација го разгледува Пеп Гвардиола како прва опција доколку Маурицио Пок…