Дома Фудбал Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018 Англичаните фатени на дело – сакаа со измима да постигнат гол (видео)

Англичаните фатени на дело – сакаа со измима да постигнат гол (видео)

0

Хрватска синоќа со гол на Марио Манџукиќ во 109 минута ја победа Англија и се пласираше во големото финале на Мундијалот.

Додека „коцкестите“ го славеа голот со сите негови соиграчи од теренот и клупата, Англичаните се обидоа со „измама“ да постигнат гол.

Англичаните всушност сакаа да го искористат правилото дека може да изведат од центар по примен гол, но само доколку сите играчи на противничкиот тим се надвор од теренот.

Веднаш ја изведоа топката од центарот, по што тројца нивни играчи се стрчаа кон Субашиќ кој остана целосно сам на половината на Хрватска.


Следете го Sportski.mk и на


Кога стигнаа пред голот, судијата Чакир ги спречи да постигнат гол бидејќи еден играч на Хрватска се врати во теренот во половината на Англичаните.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал - Мундијал во Русија 2018

Проверете

ФОТО: „Aдидас“ дизајнираше нови копачки за Меси, ќе ги промовира во дербито

Следи репрезентативната пауза, а Лионел Меси повторно ќе има мал одмор со оглед на тоа што…