Дома Трансфер зона Англичаните тврдат: Сити не го сака Меси!

Англичаните тврдат: Сити не го сака Меси!

Mногу во текот на последниот период се пишуваше за ситуацијата околи Лионел Меси кој беше одлучен да ја напушти Барселона, сепак на крајот остана.

Меси на лето би можел да замине како слободен играч ако не го продолжи договорот, а најмногу се повруваше со Манчестер Сити и поранешниот менаџер од Барселона Пеп Гвардиола.

Всушност, некои медиуми тврдат дека веќе во јануари Сити би можел да го купи Меси од Барселона или да потпише преддоговор и да го чека крајот на сезоната за Аргентинецот бесплатно да дојде во нивните редови.

Сега „Скај Спорт“ објави дека Сити се откажал од Меси и нема да се обиде да го доведе ниту како слободен играч. Наводно причините за ваквата одлука се што Меси во летото 2021 година ќе наполни 34 години, а неговата плата е астрономска и би била преголем трошок за Сити.

Иако „граѓаните“ финансиски се моќни да ги исполнат барањата на Меси сметаат дека тоа ќе би било премногу за играч кој има 34 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Изненадување: Пјонтек може да потпише за Јувентус

Јувентус ја продолжува потрагата по нов напаѓач, а најново име на списокот на „бјанконерит…