Дома Фудбал Англиско финале во ЛШ, Челзи го надигра Реал 🎥

Англиско финале во ЛШ, Челзи го надигра Реал 🎥

Фудбалерите на Челзи се пласираа во финалето од Лигата на шампиони, откако вечерва целосно го надиграа Реал Мадрид во Лондон (2:0).

Челзи подобро го отвори мечот и стигна во водство во 30-та минута со голот на Вернер. Хаверц излезе сам пред Куртоа, но ја погоди пречката, а Вернер ја испрати акцијата и само се поклони пред празниот гол.

Најголемата шанса Реал ја имаше на крајот на првиот дел кога Менди го одбрани одличниот шут на Бензема.

Во второто полувреме Челзи имаше целосна доминација и само расположениот Куртоа го држеше Реал во живот.

Во 84-та минута Канте истрча контра, а Пулишиќ му асистираше на Маунт за конечни 2:0.

На 29-ти мај во Истанбул ќе гледаме англиско финале помеѓу Челзи и Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јамал ја освои „Копа“, па порача: Трофејот требаше да заврши кај Кубарси!

Ѕвездата на Барселона по третпат го доби признанието за најдобар млад фудбалер, но во свој…