Дома Фудбал Англија Англиски клуб во голем проблем: Некој им го украл тракторот – објавени снимки од камерите (ВИДЕО)

Англиски клуб во голем проблем: Некој им го украл тракторот – објавени снимки од камерите (ВИДЕО)

Клуб од пониските лиги во Англија се најде во еден необичен проблем и сега бара помош од навивачите.

Естлајт е англиски клуб сместен во Хампшир и се натпреварува во петтиот ранг на англискиот фудбал, а денес овој клуб преку својот Твитер профил бара помош од навивачите.

Имено, некој во текот на ноќта влегол во нивниот тренинг комплекс и од непосредна близина на нивниот стадион го украл клупскиот трактор кој го користат за одржување на теренот.

На Твитер тие објавија фотографија од тракторот, но и видеозаписи од нивните надзорни камери кои ја снимиле кражбата. Објавата ја споделија скоро 450 навивачи, а во клубот се надеваат дека тракторот брзо ќе се пронајде затоа што станува збор за голема инвестиција за мал клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Интер и Барселона заинтересирани за младиот Фин Јелч

Фин Јелч, младиот дефанзивец на Штутгарт, привлекува внимание од гигантите Интер и Барсело…