Дома Македонски спорт Ангеловски: Ќе чекам до последен момент да видам на кого можам да сметам – горд сум што имам вакви играчи!

Ангеловски: Ќе чекам до последен момент да видам на кого можам да сметам – горд сум што имам вакви играчи!

0

Репрезентацијата на Македонија утревечер во Варашава од 20:45 часот ќе го игра осмиот квалификациски натпревар против Полска.

Полска на наш терен без некоја игра успеа да не победи, а сега ние се надеваме дека ќе им вратиме, а со победа ќе останеме во игра за пласман на ЕП преку квалификациите.

Меѓутоа пред овој натпревар Ангеловски има нови проблеми. Адеми, Тричковски, Алиоски и Ристовски се соочуваат со повреди.

„Имаме проблеми како и пред Словенија. Ќе чекам до последен момент за да видам на кого ќе можам да сметам. Ристовски, Адеми, Алиоски и останатитек ои се соочуваат повреди знаат дека ова е голем момент и ќе дадат се од себе да помогнат. Горд сум што имам такви играчи и навистина ме восхитуваат“.

„Полска е силна репрезентација, знаеме против кого играме. Но јас велам, не е важно против кого, туку за што играме, а играме за нешто големо. Полска е првиот фаворит во групата, можеби не сме фаворити, но не можат да ни ја одземат борбата. Знам дека оние кои утре ќе излезат на терен ќе дадат се од себе да дојдеме до посакуваната цел“, изјави селекторот.

Фото: ФФМ

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Најголемиот фан на македонската фудбалска репрезнтација го доби лекот „Спинраза“!

Најголемиот фан на македонската фудбалска репрезентација, малиот херој Јане Велковски коне…