Дома Фудбал Ангеловски не ќе може да смета и на Тричковски

Ангеловски не ќе може да смета и на Тричковски

Селекторот Игор Ангеловски се соочува со проблеми пред мартовскиот старт на квалификациите за Светското првенство.

Вчера беше објавено дека Влатко Стојановски и Ѓоко Зајков нема да можат да помогнат на репрезентацијата. Стојановски не може да допатува поради забраната на Франција фудбалерите од Лига 1 и Лига 2 да патуваат во земјите надвор од ЕУ, а Зајков е позитивен на Ковид-19.

Покрај нив двајца за натпреварите со Романија, Лихтенштајн и Германија ќе изостане и Иван Тричковски.

Тричковски заработил повреда на вчерашниот натпревар против Омониј во кој неговиот тим изгуби со 1:0. Според информациите Тричковски заработил повреда на мускулот.

Македонија споменатите три натпревари ги игра на крајот на овој месец. Со Романија играме на 25, Лихтенштајн на 28. и Германија на 31. Освен против Лихтенштајн во останатите два натпревари гостуваме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хаверц го реши дербито на „Енфилд“: Арсенал победи, Ливерпул без удар во рамката!

Арсенал славеше со 1-0 на гости кај Ливерпул со голот на Каи Хаверц во 16. минута. Домаќин…