Дома Фудбал Лига на шампиони Анализа: Вечерва имаме дуел на „новата“ и „старата“ школа!

Анализа: Вечерва имаме дуел на „новата“ и „старата“ школа!

Тотенхем е домаќин на Лајпциг во 1/8 финалето од Лигата на Шампионите. Тешко е да се каже кој е фаворит на овој меч, па и на овој двомеч. Но многу привлечна е и битката меѓу двата тренери Мурињо и Нагелсман кој од тактички аспект ќе спреман сигурно по некое изненадување.

Мурињо најавува победа

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо имаше доста време да го сумира она што го виде од неговото лично извидничко патување за да го гледа Лајпциг. Тој лично го проследи натпреварот во Баерн Минхен кој заврши без голови и најави дека Тотенхем ќе помине во следната фаза. Португалскиот стратег видел многу слабости во првиот дел, но ги видел и силните страни во вториот дел од мечот. Мурињо е премногу самоуверен, барем пред медиумите што не е баш својствено за него. Сигурно не е толку залетан пред своите фудбалери. Но очигледно е дека Мурињо спрема изненадување за Лајпциг, а познавајќи го него – повеќе ќе сака да не прими гол, отколку да постигне. Мурињо е обвинет од многумина дека заостанува во времето, дека користи премногу дефанзивни варијанти во елиминациски натпревари, нешто што фудбалскиот свет го остава зад себе.

Негелсман може да изненади

Од друга страна тренерот на Лајпциг, Џулијан Нагелсман, веројатно е најдобриот во Бундеслигата, а замислете тој има само 32 години. Веќе многумина очекуваат тој да има блескава кариера. Тој веројатно и не знае да ја постави екипата дефанзивно и секогаш повеќе размислува на противничкиот, отколку на својот гол. Она што е највпечатливо за него, е тоа што многу често знае да ги промени своите формации, но тоа воопшто не влијае негативно на своите фудбалери и на резултатите. Од 3-5-2, 3-4-3 до 4-3-3, па Мурињо може да биде изненаден дури и од формациската поставеност на фудналерите на Лајпциг.

Кога Спарси се бореше за титули, Лајпциг не ни постоеше

Конечно Спарси почнаа да играат според нотите на Мурињо. Тие стигнаа до петтото коло од ФА Купот, а победите во Премиер Лигата им го донесоа трката од три победи во Премиер Лигата беше доволно за да се доближат на само еден бод оо Челзи кој е на четвртата позиција. Тотенхем победи на осум од последните десет домашни натпревари во сите натпреварувања, а единствено против Челси и Ливерпул не успеаа да освојат три бода. Нивниот последен пораз беше пред повеќе од еден месец. Кога Тотенхем почна да се воздигнува, пред околу 11 години, Лајпциг не ни постоеше. Во 2009 година, компанијата за пијалоци „Ред Бул“ ја купи лиценцата на клубот во петтата лига. Но сега се во осминаиналето од Лигата на Шампиони и имаат големи амбиции на сите фронтови.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дибала за битката со коронавирусот: Едвај дишев и имав болки во мускулите

Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала беше еден од играчите од Серија А кои беа позитивни на …