Дома Македонски спорт Мак ракомет Алушовски по освоената титула: Најверојатно нема да бидам тренер на Вардар следната сезона

Алушовски по освоената титула: Најверојатно нема да бидам тренер на Вардар следната сезона

Вардар денес ја освои 14. шампионска титула во македонскат Суперлига.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тренерот Стевче Алушовски беше пресреќен, а титулата им ја посвети на играчите.

„За мене ова е прва титула како тренер. Чест ми е што работам со овие момци, горд сум на нив, ова е нивна титула. Ние како стручен штаб сме тука да бидеме сервис на играчите. Беше напорно, презадоволен сум на сите што работат во клубот. За жал сезонава ја одигравме без публика, можеби ако беше спротивно спектаклот ќе беше поголем“, изјави Алушовски.

Во изминатиот период се појавија информации дека Алушовски нема да биде тренер на Вардар наредната сезона, но ќе остане како во клубот со друга улога.

„Ќе видиме кога ќе заврши сезоната, не чекаат два дуели со Металопластика. Ќе разговараме, но најверојатно нема да бидам тренер на Вардар следната сезона“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Лазаров избра: Ова е тимот со кој одиме против Словачка! (Фото)

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва (19 часот) во Прешов го почнува баражот п…