Дома Фудбал Алкантара: Лудост е да се игра фудбал во Германија

Алкантара: Лудост е да се игра фудбал во Германија

Ѕвездата на Баерн Минен, Тиаго Алкантара ги повика челниците на германскиот фудбалски сојуз да ги запрат натпреварите од Бундеслигата поради пандемијата од коронавирус.

„Ова е лудост. Ве молат престанете да бидете во заблуда и да ја увидат реалната ситуација. Да бидеме искрени, сега има многу поважни работи од играње на фудбал“, изјави Алкантара.

Во Англија, Италија, Франција и Шпанија веќе е суспедирано играњето фудбал на неопределено време, додека Бундеслигата овој викенд ќе игра редовно коло.

Меѓутоа, германскиот фудбалски сојуз се огласи дека ова ќе биде последно редовно коло, а потоа ќе се стопира лигата на неодредено време.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Емирати“ веќе не плаши: Арсенал без домашна победа, а притисокот расте

Фудбалерките на Арсенал се шести и 12 бода зад врвот, а по четири домашни меча сè уште чек…