Дома Трансфер зона Алиоски во Лидс добива друштво од Јувентус?

Алиоски во Лидс добива друштво од Јувентус?

0

Италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио кој често се занимава со трансферите на фудбалерите на својата веб страница објави интересна приказна.

Според Ди Марцио, англискиот второлигаш Лидс е заинтересиран за напаѓачот на Јувентус Моис Кин кој во овој момент настапува како позајмен фудбалер во редовите на Верона. Кин во редовите на италијанскиот клуб одигра 15 натпревари и постигна два погодоци, што е одличен учинок за еден 17 годишен фудбалер.

Не е познато дали Лидс сакал позајмица или целосен трансфер, но Ди Марцио додава дека се сериозни во својата намера.

Како што е познато во редовите на Лидс настапува македонскиот фудбалер, Егзијан Алиоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Анчелоти купува од ПСЖ: Наполи не сака да биде во сенка на Јувентус

Новиот тренер на Наполи, Карло Анчелоти сака во наредната сезона да има тим кој ќе биде ра…