Дома Фудбал Останато Алжир – Сенегал: На африканскиот трон има место само за еден!

Алжир – Сенегал: На африканскиот трон има место само за еден!

0

Вечерва се игра големото финале на Купот на Африкански Нации. Во големото финале во главниот град на Египет, Каиро, ќе играат Алжир – Сенегал.

Сенегал со најдобра одбрана, но овој пат без Кулибали

Сенегал одигра неверојатно добро во одбраната. Тие на турнирот во 570 минути игра примија само еден гол што е рекорд за почит. Кулибали е вистински бедем пред голманот Гомис кој искрено и немаше премногу работа на турнирот. Но тука е проблемот. Нивните шанси за запирање на офанзивците на Алжир се намалуваат со фактот што ѕвездата Кулибали е суспендирана. Друга загриженост за Сенегал е тоа што единствениот тим што постигна гол против нив на турнирот е токму Алжир кој победи со 1:0 во рамки на групата Ц на 27-ми јуни.

Проблем може да биде и офанзивата. Само на два натпревари Сенегал постигна повеќе од еден гол, а одигра шест натпревари досега. Имаше иницијатива, создаваше шанси но реализацијата им е на ниско ниво. Цисе, мора да поработи повеќе на концентрацијата во завршните моменти кај своите напаѓачи доколку сака титула.

Е сега, интересно е тоа што од друга страна Лавовите од Теранга можат слободно да се пофалат со најдобра и најсмртоносна офанзивна линија, подобра од било кој друг тим во Африка. Ако Египет го има Салах, Сенегал го има Садио Мане, кој за разлика од неговиот клубски колега има далеку посилни колеги во репрезентацијата. Со него во офанзивата е дуото од Франција, Исмаила Сар и Мбај Нијанг.

Играчите на Белмади имаат психолошка предност

Онаа победа во групната фаза против Сенегал може да му даде на Алжир психолошка предност што е од големо значење за еден финален натпревар. Но тоа е само едена од неколкуте предности кои го истакнаа статусот на Алжир како најдобар тим на турнирот. Екипата на Џамел Белмади беше извонредна од самиот почеток: тие ја освоија групата Ц во голем стил, пред да прикажат супер изведби во нокаут фазата.

Има одличен баланс и квалитет низ сите линии во Алжир, но нивната најсилна алка е нивниот напад, кој е најдобар на турнирот. Алжир постигна 12 гола во шест натпревари (Сенегал постигна само осум) и имаше повеќе разновидност, квалитет и класа во последната третина од мечевите од кој било друг тим. Во разни периоди, Ријад Марез, Јуче Белаили и Адам Оунас се одлични.

Со оглед на тоа што Алжир победи со 1:0, кога екипите првпат се сретнаа на турнирот и со оглед на тоа што Алжир беше надмоќен на теренот и на тој меч и во текот на изминатиот месец во Египет, изненадување е аутсајдерската улога која ја доби Алжир.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Магија“: Гол кој ја крена цела Англија на нозе (видео)

Фудбалерите на Борнмут губат на полувремето од шампионот Манчестер Сити со 2:1, но потегот…