Дома Фудбал Англија Алегри се сели во Премиер лигата

Алегри се сели во Премиер лигата

0

Сега веќе бившиот тренер на Јувентус, Масимилиано Алегри од наредната сезона најверојатно ќе се пресели во Премиер лигата, пренесуваат италијанските медиуми.

Италијанските медиуми дека Алегри на маса ќе има неколку интересни понуди, од кои три ќе пристигнат од Премиер лигата.

Алегри по завршувањето на сезоната ќе биде без ангажман и ќе биде достапен слободно да потпише за наредниот клуб.

Челзи, Тотенхем и Манчестер Јунајтед се спомнуваат како најверојатно дестинации за трофејниот Италијанец.

Сари најверојатно ќе ја заврши авантурата на „Стенфорд Бриџ“, а Челзи сака да ја продолжи традицијата со италијански тренери и веќе го контактирале Алегри.

Тотенхем исто така ќе мора да бара нов тренер бидејќи Покетино најави заминување, а Јунајтед доколку се одлучи да му врати отказ на Солскјер тогаш Алегри ќе биде прв избор за „црвените ѓаволи“.

Иако Алегри најави дека можно е една година да одмара од фудбалот, сепак тешко ќе одолее на ваквите понуди, а и во минатото не криел дека сака да работи во Премиер лигата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Затоа Манчестер Јунајтед плати 50 милиони евра: Фантастичен спринт и старт на Ван Бисака (ВИДЕО)

Арон Ван Бисака ова лето пристигна во Манчестер Јунајтед од Кристал Палас и уште во припре…