Дома Фудбал Италија Алегри: Не постигнуваме доволно голови

Алегри: Не постигнуваме доволно голови

Tренерот на Јувентус отворено зборуваше на конференцијата пред утрешниот натпревар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јувентус игра навистина одлично, а минатата недела за прв пат испуштија бодови кога во натпреварот против Џенова одиграа 1:1.

Алегри смета дека неговиот тим не постигнува доволно погодоци, иако создава прилики.

„Не постигнувавме доволно голови и можам да кажам дека тоа во овој момент е проблем. Не можеме и секогаш да победуваме, против Џенова направивме грешка во одбраната и противникот тоа знаеше да го казни“.

„Емполи е одличен тим, но јас се надевам дека во тој натпревар ќе немаме проблем со реализацијата и ќе функционира тој завршен пас кој беше проблем“, изјави Алегри.

На крајот Алегри додаде и дека е задоволен од играта во одбраната на неговиот тим, а го пофали и Ругани за кого смета дека е иднината на клубот.

Јувентус со Емполи игра утре со почеток во 18:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

По заминувањето на Араухо: Уште едно неочекувано заминување од Барселона во Премиер Лигата?!

Роналд Араухо неочекувано ја напушти Барселона и премина на позајмица во Ливерпул, а патот…