Алваро Мората е голема желба на Барселона и се шпекулираше дека Шпанецот може да се пресели на „Камп Ноу“ во зимскиот преоден рок.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Меѓутоа, тренерот на Јувентус, Макс Алегри денес потврди дека Мората сигурно останува во Торино до крајот на сезоната.




„Јас и директорот на клубот се сретнавме со Алваро Мората и му ја соопштивме одлуката – тој не е за продажба. Алваро е под договор со нас, ние не планираме да се разделиме и нема сомнеж дека тој ќе остане до крајот на сезонава. Мората останува 100%, крај на приказната“, изјави Алегри.




Мората веќе втора сезона е на позајмица во Јувентус од Атлетико Мадрид, а на лето „бјнконерите“ имаат опција да го откупат за 40 милиони евра.